Во Охрид пијани малолетници, а во Скопје полицијата затекнала малолетници во обложувалница

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид вчера во извршени контроли во угостителски објекти на подрачје на градот затекнала малолетници, а тројца од нив консумирале алкохол.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид вчера во извршени контроли во угостителски објекти на подрачје на градот затекнала малолетници, а тројца од нив консумирале алкохол.

– Во угостителски објект лоциран на ул. „Партизанска“ биле затекнати малолетници, при што е утврдено дека тројца од нив консумирале алкохол. При преземањето мерки, полициските службеници биле вербално нападнати од А.Н. и М.Н., двајцата од Охрид. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Полициски службеници од СВР Скопје во акциска контрола на територија на Центар и Бит Пазар направена ноќва и утрово, извршиле проверки на идентитет на 45 лица, 39 прегледи на лица и возила.

-При тоа се констатирани пет прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во една обложувалница затекнати се тројца малолетници. Птетходната ноќ, петок кон сабота пак, констатиран е прекршок со пуштање на гласна музика во угостителски објект на подрачје на Центар, соопшти МВР.