304
И покрај забрната за оддржување на традиционалната церемонија со фрлање на крстот во осветените води, Охриѓани без свештено лице и по своја волја денес одлучија да ја продолжат традицијата.
Имено, како што е познато поради Ковид пандемијата, свештените лица и властите беа согласни дека оваа година за жал, ваквата церемонија по повод големиот христијански празник Богојваление – Водици ќе изостане.
Во продолжение, погледнете го видеото од верниците кои сами и покрај забраната одлучија да фрлат крст и да се борат за тоа кој ќе биде најсреќен во годината која претстои.