Во водите на Охридското Езеро, кај плажата на Извиднички центар Охрид, вчера доцна попладне било пронајдено безживотното тело на М.Ј.(70) од Скопје, соопшти СВР Охрид.
Случајот на охридската полиција ѝ бил пријавен во 18.20 часот. При извршениот увид, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.