256
Британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камила денеска го претставуваа кралското семејство на годишната „Голема служба“, за време на која кралицата Елизабета Втора обично им дели монети на пензионерите како дел од древна велигденска традиција.
Британската Кралица, која на крајот на овој месец наполни 96 години, има проблеми со движењето, поради што не присуствуваше на богослужбата во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор, а нема да биде ниту на богослужбата во недела на Велигден во Виндзор, пренесува Ројтерс.
Агенцијата наведува дека Кралицата била принудена да ги прекине сите нејзини ангажмани откако во октомври минатата година од необјаснети причини била хоспитализирана една ноќ, по што лекарите ја советувале да се одмори.