Во периодот јануари-јуни помалку договорени и извршени градежни работи во странство

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-јуни 2022 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 129 704 илјади денари што е за 17.3 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 67 122 илјади денари што е за 16.9 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Вредносните податоци за периодот јануари- јуни 2022/2021 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 54.3736 денари, соопштија од ДЗС.

Слични содржини