Во подготовка Toyota Prius GRMN

од Vladimir Zorba

Новата Toyota Prius беше претставена во ноември минатата година, а сега од Јапонија пристигнуваат информации дека се подготвува и спортска GRMN верзија.

Поточно, неофицијалните вести велат дека Toyota и Gazoo Racing работат на нова верзија на овој хибриден автомобил, која треба да ја носи ознаката Prius GRMN.

Стандардниот plug-in хибрид Prius комбинира 2.0-литарски четирицилиндричен бензински мотор кој развива вкупно 164 kW/223 КС со помош на електричен мотор, додека Prius GRMN би можел да добие поинаков хибриден погон. Тоа би можело да биде 2,5-литарски бензински мотор со електрични мотори од моделот RAV4, со вкупно 225 kW/306 КС.

Покрај поголема моќност, Prius GRMN треба да има и модифицирана суспензија, подобрено управување, аеро-тело пакет, нови тркала, црвени клешти на сопирачките и изменет, поспортски ентериер.

Во веста се додава дека Prius GRMN може да се очекува помеѓу третиот квартал од 2023 година и вториот квартал од 2024 година.

Слични содржини