Во Полска близу украинската граница, Германија ги испрати првите единици за противвоздушна одбрана „Патриот”

од Radmila Tasevska
141 прегледи

Денес Германија ги испрати првите две од трите планирани единици за противвоздушна одбрана „Патриот” во полскиот град Замошќ во близина на границата со Украина, каде ќе бидат распоредени за да се спречат напади со залутани ракети.

Во ноември минатата година кога две лица загинаа од заскитан украински проектил што го погоди полското село Пржеводов, а инцидентот предизвика страв дека војната во Украина ќе се прелее преку границата, Берлин понуди да распореди три од своите единици „Патриот” во Полска за да помогне во обезбедувањето нејзиниот воздушен простор.

„Една од причините зошто Германија сега ќе го поддржува источното крило на НАТО во Полска со „Патриоти” е секако затоа видовме колку брзо може да дојде до прелевање на конфликтот меѓу Русија и Украина на земјите-членки на НАТО”, изјави полковникот Јерг Сиверс за новинарите во источногерманскиот град Гнојен пред истраќањето на единиците „Патриот”.

Сиверс, кој ќе командува со германската единица во Полска, ја подвлече одбранбената природа на системот „Патриот”.

„Патриот” е стриктно одбранбен систем и се надеваме дека ќе можеме да обезбедиме доволно заштита таму за да спречиме напади или несреќи како тие во ноември”, додаде Сиверс.

Слични содржини