Во последните 24 часа, 548 лица заразени со коронавирус починаа во Полска, најмногу во еден ден по почетокот на пандемијата, објави тамошното Министерство за здравство.
Бројот на жртви на пандемијата од избувнувањето во пролетта до денес достигна 10.049, додека дневниот пораст на новозаразени за петок е под рекордниот број и достигна 25.571 лице.
Во моментов има над 407.900 активни случаи на коронавирус во Полска, а во болниците моментално има 22.320 пациенти со Ковид-19, од кои 2.126 се на апарати за дишење.