Во Полска пронајдоа секс-играчка од XVIII век

од Vladimir Zorba
99 прегледи

При археолошките ископувања во Гдањск беше пронајдена секс-играчка од втората половина на XVIII век.18th-c-dildo-front-from-Gdansk-latrine.-Regional-Office-for-the-Protection-of-Monuments-200x300

Предметот со форма на фалус беше пронајден на место каде што некогаш имало тоалет. “Очигледно некогаш некој го испуштил”, коментира Марчин Тумински, прес секретарот на регионалната управа за чување на спомениците.

Во околината пак е пронајденакерамика, накит и фрагменти од антички мечеви. Тоа дава основа на археолозите да укажуваат на тоа дека пред неколоку векови тука имало школа за мечување.”Чија сепак била секс-играчката никогаш нема да знаеме”, истакнува шефот на археолошкиот тим.

Во јануари годинава вакво откритие беше направено во Германија. Предметот сепак е многу постар од овој во Гдањск – над 28 000 години. Направен е од алевролит – тврда седиментна карпа, какви и болни асоцијации да предизвикува тоа.