152
Најмалку 37 лица, меѓу кои најмалку шест деца, загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови во источниот дел на Кентаки.
Гувернерот на таа американска држава, Енди Бешер, изјави дека стравува оти бројот на загинати ќе продолжи да расте, бидејќи стотици луѓе се водат за исчезнати, пренесува Би-Би-Си.
Овие поплави се втора голема катастрофа во Кентаки во последните седум месеци, откако „рој“ торнада однесе речиси 80 животи во западниот дел на американската сојузна држава во декември.