Најмалку педесет луѓе загинаа во поплавите во Нигерија предизвикани од обилните дождови, изјави извршниот секретар на Националната агенција за управување со вонредни состојби, Сани Јусуф.
Тој за ТВ каналите изјави дека државата обезбедила 11 кампови за привремено сместување на граѓаните кои останаа без покрив над главата во поплавите во изминатите четири дена, јавуваат светските агенции.
Во поплавите се повредени стотици луѓе, а уништени се повеќе од 200 куќи и згради.