Во последните седум дена инспекторите извршија 5.228 контроли и надзори, затворени се шест угостителски објекти

299 прегледи

Во периодот од 8-ми до 14-ти февруари, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за лекови и медицински средства, и Државниот инспекторат за животна средина, спроведоа вкупно 5.228 контроли и наздори во целата држава.

Државниот пазарен инспекторат, спроведе 3.437 контроли и 812 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и материјалните закони во надлежност на овој инспекторат. ДПИ изрече 32 прекршочни пријави, 98 платни налози и 107 решенија. Од овие 107 решенија, шест решенија се поради прекршување на здравствените протоколи, односно едно е поради непочитување на дозволено растојание и пет поради непочитување на работното време. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 132 надзори, врз основа на кои изрече 20 решенија. При тоа, во посочениот период ДСЗИ издаде вкупно 4.414 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, со што продолжува трендот на опаѓање на решенија за изолација.

Во последните седум дена Инспекторат за транспорт изврши 51 надзори, при што издадени се шест прекршочни пријави, три решенија и еден платен налог за непочитување на материјалните закони. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, не се констатирани прекршувања.

Државниот инспекторат за труд, изврши 415 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава, за контрола на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места, како и на материјалните закони по кои постапува овој инспекторат. При тоа изречени се 14 решенија и 12 платни налози, поради непочитување на Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, и поради неносење на заштитна маска на работно место. При надзорите не се изречени прекршочни пријави.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во периодот од 8-ми до 14-ти февруари, спроведе 15 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона и при истите не се констатирани неправилности.

Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 305 надзори, при што издадени се 13 решенија, 3 платни налози и 25 едукации, по основ на констатирани недостатоци како, небезбеден производ, неизвршени здравствени прегледи,неводење на записи за ДПП/ДХП,неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање и чување на производи ,неправилно означување на производите

Државниот инспекторат за животна средина, во истиот период изврши вкупно 61 надзор. При тоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите изрекоа 24 решенија пради прекршувања на Законот за животна средина, Законот за води и Законот за управување со отпад .

Со оглед на тоа, мерките за заштита и спречување на ширење на корона вирусот се сѐ уште на сила, инспекциските служби и во периодот што следува ќе продолжат со интензивните контроли на терен.

Слични содржини