Во потрага по финансиери, Трамп се сретнал со Елон Маск 

Маск не кажа дали планира финансиски да ја поддржи кампањата на трамп, но сугерираше во постови на социјалните мрежи дека се протови на реизбор на Бајден

од Бети Божиноска
250 прегледи

Доналд Трамп викендов на Флорида се сретнал се сретнал со милијардерот Елон Маск во време додека е во потрага по крупна финансиска инјекција за својата кампањата за реизбор, пренесува „Њујорк тајмс“. 

Според статијата, Трамп се сретнал со еден од најбогатите луѓе на светот и со бројни богати реубликански донатори во неделата и се надева дека наскоро ќе има и тет-а-тет средба со Маск. 

Ниту Маск ни кампањата на Трамп не ја коментираа веста. 

Трамп,чие лично богатство значително се намали по пресудите против него во њујоршкиот граѓански случај за измама и во одделно судење за дефамација, се труди да привлече дополнителни големи донатори во својата кампања. 

Маск не кажа дали планира финансиски да ја поддржи кампањата на трамп, но сугерираше во постови на социјалните мрежи дека се протови на реизбор на Бајден иако се претставува себеси за политички независен и претходно изјави дека гласал за Бајден во 2020 година. 

Оттогаш во повеќе наврати го критикуваше актиелниот американски претседател и дојде во судир со неговата администрација.  

Во ноември минатата година, Белата куќа го нарече гнасен твитот објавен од Маск во кој тој покажува индиферентност кон антисемитизмот. Во декември, пак, мајката на Маск го обвини Бајден дека го спречува нејзиниот син да го направи светот подобро место за живеење. 

Слични содржини