Во Прага дводневна средба на министрите за одбрана на земјите од Вишеградската четворка

од Radmila Tasevska
252 прегледи

Во Прага денеска почна дводневна средба на министрите за одбрана на земјите од Вишеградската четворка – Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.

На министрите утре ќе им се придружат претставници на Централноевропската одбранбена соработка (ЦЕДЦ) и на земјите од Западен Балкан за да разговараат за безбедносната ситуација во Украина и на Блискиот Исток.

Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова попладнево ги пречека колегите од Словачка, Полска и Унгарија.

Слични содржини