Во пресрет на својот стоти роденден, натписот ХОЛИВУД оди на „подмладување“

од Stefanija Kuzmanovska
309 прегледи

Како филмските ѕвезди кои повремено прават естетска хирургија, така и познатиот натпис „Холивуд“ денеска оди „на подмладување“, пишува „Хина“.

Како што е познато, натписот е подигнат во 1923 година во Холивуд Хилс над Лос Анџелес и ќе биде „разубавен“ како подготовка за прославата на 100-тиот роденден.

Работата ќе започне денеска, понеделник, а ќе трае осум недели, соопшти „Холивуд Сајн Траст“, институцијата задолжена за заштита на тоа место.

По темелно чистење, ќе се префарбаат буквите високи 14 метри, за што се очекуваат приближно 1.500 литри заштитна обвивка и бела боја.

Слични содржини