247
Социјалдемократската партија на Косово за денеска најави протест против договорот во Охрид, објавувајќи фотографија од премиерот на Приштина, Албин Курти, со нос на Пинокио.
Причина за поставувањето на транспарентите е најавата за протест против формирањето на Заедницата на српските општини, закажан за сабота на 25 март.
Како што рече секретарот на Социјалдемократската партија, Нол Нуши, долгиот нос е асоцијација со „лагите и популизмот на Курти“ во врска со дијалогот со Белград.