439
Покрај Ким Катрал, која нема да биде дел од новата сезона на серијата „Сексот и градот“, во новите епизоди нема да се појави и Крис Нот, кој го толкуваше ликот на најголемата љубов на Кери во серијата, легендарниот Mr. Big.
Оваа информација за првпат ја објави таблоидот Page Six. Покрај тоа, уште една главна хероина на „Сексот и градот“ би можела да остане без својата голема убов. Дејвид Ајгенберг, кој го играше сопругот на Миранда, Стив, сè уште не го потврдил учеството во снимањето на продолжението и во моментов е во преговори со продуцентите.
Продолжението на серијата ќе се вика And Just Like That… и треба да започне со снимање наскоро.