Во првите 9 месеци од 2022 година, Романија произведе повеќе автомобили од Италија

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Европската унија произведе 7,96 милиони автомобили во првите девет месеци од оваа година, 430.000 единици повеќе од претходната година, или 5,8% повеќе, достигнувајќи удел во глобалното производство на автомобили од 16%, според извештајот на Европската асоцијација на производители на автомобили. (ACEA ) за првите три квартали од годината.

Според обемот произведен во деветте месеци, Романија е шести најголем производител на автомобили во ЕУ, со 376.047 единици – речиси 20% повеќе во споредба со истиот период од претходната година и повеќе од земјите како Унгарија или Италија. Ова е заслуга на големите фабрики Дачија и Форд, кои работат во Романија, пишува „ХАК“.

Земја со најголемо производство на патнички автомобили во ЕУ останува Германија, која произвела 2,4 милиони примероци. По Германија следуваат Шпанија, Чешка, Словачка и Франција.

Слични содржини