Во ПС Центар 19-годишник пријавил физички напад од шест лица

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Деветнаесет годишник со иницијали И.С од Скопје ноќеска во 00.30 часот во Полициска станица Центар пријавил дека синоќа околу 21.45 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С.

Од МВР за МИА информираа дека лицата се повикани во полициска станица и е известен јавен обвинител.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини