Во различни акции уапсени неколку лица, полицијата кај нив пронашла дрога

од Milan1

„Вчера во 23.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода А.П.(37) од с.Ваташа, кавадаречко, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин.

Исто така вчера во 12.30 часот на ул.„Вардарска” во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Љ.Л.(19), Ј.М.(20), С.С.(20) и М.Ѓ.(23), сите од Велес, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Денес во 02.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Ѓ.(26) од Пехчево, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја.

На 17.02.2022 во 13.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Б.С.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Вчера на ул.„Север-Југ” во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола го лишиле од слобода А.А.(29) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, информираат од МВР.

Слични содржини