Во различни акции уапсени седум лица, полицијата пронашла марихуана, кокаин и електро шок направа

од Milan1

Вчера на ул.„Пролетерски бригади” во Струга, полициски службеници од полициската станица Струга го лишиле од слобода  М.Ј.(23) од Струга. При контрола на патничко возило „опел”, со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и електро шок направа. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така вчера во 20.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го привеле М.С.(22) од с.Никуштак, општина Липково, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

На 15.02.2022 во 22.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Денеска (16.02.2022) во 00.10 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Вчера во 17.10 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ж.Л.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

На 15.02.2022 во 21.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Џ.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 15.02.2022 во 16.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Слични содржини