Во Русија горат учебници издадени од Фондацијата на Сорос, а што е виновна науката !?

од desk3
66 прегледи

Најмалку 50 примероци од учебна литература издадена во последните повеќе од 20 години со помош на Фондацијата “Сорос” во Русија, се извадени од библиотеката на колеџ во Русија и изгорени.

Тоа го открива интернет изданието “7х7” во Коми, објавувајќи и официјалните документи, со кои тоа е потврдено од страна на властите.

knigi

Новинарите упатиле барање, откако во средината на декември сфатиле дека од библиотеки на образовните институции во сибирската република се иззема литература издадена со поддршка на Сорос.

Во одговорот на просветното министерство за Коми се наведува дека досега во универзитети и колеџи се откриени над 420 примероци и за дел од нив се подготвува нивно уништување преку уништувач за документи.

Во геолошки-економскиот колеџ во Воркута 53 книги веќе се уништени со горење. Директорот на библиотеката објаснува за “7х7” како се ликвидираат “несаканите книги”. Според неа се бришат од картон во картотеката, книгите се собираат во картони и се палат директно во дворот на кампусот. “Оваа постапка сме ја правеле неколкупати, така го отстранивме стариот фонд. Го правиме тоа и во вреќи. Оваа технологија е еднаква за сите библиотеки. книги од стариот фонд, ги носиме на одредено место и ги гориме.”
Елена Василиева додава дека предметните книги и онака не се барале. “Една книга имаше, се викаше ” светоглед “. Таа е со малку религиозна содржина. Овие книги беа кај нас одамна – уште пред да постапам на работа пред 11 години, и никој не ги зема, седеа во складиштето.”

Библиотекарите извршуваат наредба од претставниците на рускиот претседател во северозападниот федерален округ. Во документ од средината на декември се вели дека литературата издадена со финансирање од Фондацијата “Сорос”, “формира кај младите искривена претстава за Татковинската историја и популаризира став, туѓ на руската идеологија”, поради што таа мора да биде отстранета.
Веднаш овие книги беа ставени на специјални полици. Меѓу нив се учебници и помагала по логика, француски надреализам и криминалистика.

На крајот на ноември Фондацијата “Сорос” беше прогласена за несакана во Русија. Јавното обвинителство утврди дека таа претставува закана за основите на уставниот поредок на Русија и за безбедноста на државата. Пред тоа организацијата се најде во т.н. патриотска стоп-листа на несакани невладини структури, составена од пратеници од Државната Дума во Москва.