Во Русија ќе се гради облакодер со повеќе од 150 спрата (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
361 прегледи

Шкотската архитектонска фирма Кетли колектив ги објави плановите за изградба на вториот највисок облакодер во светот, кој ќе биде изграден во Санкт Петербург, Русија.

Лакта центар II ќе биде висок 703 метри, додека највисоката зграда во светот, Бурж Калифа во Дубаи, е висока 828 метри. За споредба, сегашната втора највисока зграда во светот е Шангајската кула, е висока 632 метри.

Лакта центар II ќе биде изграден на периферијата на Санкт Петербург, веднаш до оригиналниот центар Лакта, кој е највисокиот објект во Европа со висина од 462 метри и е седиште на Гаспром.

„Новиот центар Лакта ќе биде пример за одржлив дизајн за глобална градба на згради“, рече Тони Кетли, координатор на проектот.

Лакта центар II ќе содржи канцелариски простор, простори за релаксација, на повеќе од 150 спрата.

Слични содржини