Продажбата на антидепресиви во аптеките скокна во Русија откако претседателот Владимир Путин донесе одлука за делумна мобилизација за војната во Украина, објави државната новинска агенција, пренесува „Хина“.
Продажбата скокна за 120 отсто во неделата од 19 до 25 септември, објави новинската агенција ТАСС, цитирајќи податоци од истражувачот на фармацевтскиот пазар ДСМ.
На 21 септември Путин нареди делумна мобилизација на 300.000 резервисти.