Градскиот парламент на Санкт Петербург има подготвено проект за федерален закон според кој руските граѓани кои во рок од шест месеци ќе одбиваат вработување во кога ќе има соодветна работа, да бидат осудени на поправнен труд до една година. Тоа го соопштува весникот “Известија”, кој се здобил со текстот на проектот.
“За да може да се бара кривична одговорност, се нуди во уставот на Русија да се запише дека трудот не е само право, туку и обврска за секој граѓанин. Нема да се сметаат за неработници граѓаните до 18 години, инвалидите, родителите на деца инвалиди, жените со деца до 14-годишна возраст и голем број на други категории граѓани “, пишува весникот, цитирајќи документите кои наскоро ќе бидат внесени во процедура во Думата.
Членот на Комисијата за труд, социјална политика и ветерански прашања кон Државната дума Валериј Трапезников рекол дека идејата нужно ќе биде разгледана во комисијата. Тој се осврна на владините податоци, дека сега во Русија има над 15 милиони луѓе кои не работат, односно државата не добива од нив даноци.
ТАСС го цитираше и заменик-претседателот на парламентарната комисија за уставно законодавство Александар Агеев, кој изјавил дека уставот треба да се менува “само за остварување на права и слободи, а не за нивно ограничување”. Според него, во сегашната криза работа наоѓаат вистинските специјалисти и како резултат ” пазарот сам ќе реагира кој е тунеядец и кој – не”.
Првиот заменик-претседател на парламентарната комисија за труд Михаил Тарасенко бил против идејата за криминализирање на неработењето. “Оваа иницијатива ми изгледа не толку контроверзна како неспорно излишна”, вели тој. Пратеникот појаснува дека кога има невработеност, тешко е да се нагласи граница меѓу оние кои активно бараат работа, а останатите, “затоа што ако тој е професор, а не сака да работи како натоварувач, тој продолжува да бара работа како педагог” рекол пред ТАСС Тарасенко.
