Во Русија стартуваат радиотелевизија на иднината

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Водечкиот руски пребарувач Yandex пријави дека ќе лансира експериментална “радиотелевизија на иднината”, користејќи компјутери и алгоритми за составување на кратки материјали за временската прогноза и информации за патниот сообраќај, пишува Discovery News.20151027.wpwjwvexew

Проектот, кој треба да започне во ноември, ќе обезбедува кратки информативни публикации за медиумите, претплатени на услугата. “Не го нарекуваме новинска агенција. Од наша гледна точка ова е некој вид на експериментален прототип на електронските медиуми на иднината – како една новинска агенција би можела да изгледа, “посочуваат од Yandex.

Иницијативата на рускиот интернет гигант е еден од серијата проекти со цел да се вклучат компјутерите во генерирање на статии кои во моментов се пишуваат од новинари. Американската компанија Narrative Science разви програма која анализира податоци и произведува коментари првично на англиски јазик. Руската новинска агенција Интерфакс веќе користи алгоритми за да пишува дел од финансиските вести, а американската Associated Press (AP) почна да се служи со автоматизирана технологија за производство на некои новинарски материјали.