Во рускиот напад на Дњепар загинаа 25 лица

од Nikola Popovski
236 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски информира дека бројот на загинатите во рускиот ракетен напад во кој беше уништена станбена зграда во украинскиот град Дњепар се искачи на 25, пренесува „Ал Џезира Балканс“.

-Загинаа 25 лица, меѓу кои и едно дете, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој додаде дека 39 лица се спасени, додека 43 се водат како исчезнати.

-Повредени се околу 73 лица, меѓу кои 13 деца, истакна украинскиот претседател.

Уништени се 72 стана, а оштетени се повеќе од 230 станови, додаде тој.

-Ја продолжуваме борбата за секој живот. Сочувство до сите роднини и пријатели на жртвите, соопшти украинскиот претседател.

Руските сили го гаѓаа Днепар со ракета H-22 која предизвика огромни човечки жртви, соопшти денеска Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина.

Ракетата „H-22 Raduga“ е противбродска ракета со долг дострел развиена за време на Советскиот Сојуз која може да носи нуклеарна боева глава.

Од друга страна, Русија официјално не потврди дека нивната ракета погодила станбена зграда.

Слични содржини