Во САД 96.777 луѓе починале како последица од предозирање со дрога

од Milan1
228 прегледи

Смртноста од предозирање со дрога во САД се зголемила за 29,6 проценти во периодот од март 2020 година до истиот месец оваа година. Во извештај на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) се наведува дека 96.777 луѓе починале за 12 месеци како последица од предозирање со дрога, што е нов рекорд во САД.

Најголем пораст на смртноста од предозирање за една година е забележан во државата Вермонт, околу 85 проценти.

Смртните случаи од предозирање главно се предизвикани од употреба на опиоиди и синтетички опиоиди, а најниската смртност е забележана кај корисници на метадон.

ЦДЦ објави дека повеќе од 93.000 луѓе починале во текот на 2020 година поради предозирање со дрога.

Се смета дека околу 31,9 милиони луѓе постари од 12 години во САД (11,7 проценти) користат некој вид недозволена дрога.

Слични содржини