Во САД “чудно почина” рускиот полковник-дезертер кој ја издаде сексапилната шпионка Ана Чепмен

од desk3
83 прегледи

1467887395-3

Поранешниот полковник на Службата за надворешно разузнавање на Русија Александар Потеев кој издаде на американските тајни служби група руски разузнавачи, умрел во САД, пренесе Интерфакс.

Скандалозниот дезертер починал при чудни околности. Информациите за неговата смрт, сепак се проверува од руските тајни служби, бидејќи тие се сомневаат дека тоа може да е планирана дезинформација. Целта на ваквата операција е предавникот да биде заборавен и конспириран, тврди извор на “Интерфакс” од руските тајни служби.

1467888138-1

Потеев се прослави како “кодош” откако со негова помош на Запад беше откриена група илегални руски разузнавачи на чело со примамливата Ана Чепмен. По предавството Московскиот окружен суд го осуди во отсуство дезертерот на 25 години затвор. Тој беше лишен од војничката титула и му беа одземени сите државни награди. Судот ги оцени загубите настанати за руската држава како последица на предавството на Потеев на 50 милиони долари.

1467888139-4

Во јуни 2010 година во САД беа уапсени 10 лица кои беа обвинети за извршување на “длабоко конспиративни задачи”. Во почетокот на јули тие беа разменети за четворица осудени за шпинажа Руси. Тогаш стана познато дека групата на Чепмен е издадена од Потеев, но тој веќе беше успеал да побегне во САД.

1467888138-2

 

1467888139-3