Индексот на цените на производителите (ППИ) во САД се покачил за 0.3 отсто на месечно и за 0.9 отсто на годишно ниво, соопштија од Министерството за труд денеска.
Од Одделот за станбено и урбанистичко планирање укажаа на намалена изградба на станбени домови, но зголемен број на издадени дозволи за градба.
Аналитичарите во просек очекуваа инфлација на цените на производите на ниво од 0.1 отсто на месечно и 0.6 на годишно ниво.
Базичниот индекс на цените, не сметајќи ги прехранбените производи и енергенсите, укажува на раст од 0.5 отсто споредено со декември и од 2 отсто на годишно ниво. Аналитичарите очекуваа раст од 0.1 отсто во јануари и 1.6 на годишно ниво.
Бројот на станбените домови во САД во изградба во јануари споредено со декември се намалило за 14.8 отсто до 1.331 милиони, додека на годишно ниво се зголемил за 2.8 отсто. Аналитичарите очекуваа 1,460 милиони. Бројот на издаден дозволи за градба на станбени домови се намалил за 1.5 отсто до 1.47 милиони во јануари, споредено со декември, но се зголемил за 8.6 отсто на годишно ниво.