Во САД одобрија генетски експерименти со луѓе

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Консултативниот совет за рекомбинативна ДНК при министерството за здравство на САД одобри барање на научници од Универзитетот во Пенсилванија за обиди за генетска модификација на човекот, пишува списанието “Сајнс”.4903350

При експериментите со технологијата CRISPR / Cas9 истражувачите се надеваат дека ќе ја подобрат ефикасноста на имуните клетки, од кои зависи колку плодна ќе биде борбата со ракот.

Експериментите ќе продолжат две години и во нив ќе учествуваат 18 волонтери со различни типови на рак: сарком, меланома и миелом. Обидите ќе се одржуваат во три научни центари – Универзитетот во Пенсилванија, Универзитетот во Хјустон и Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско.