Во САД повеќе починати од коронавирус отколку во шест војни

од Vladimir Zorba

Бројот на потврдени случаи на зарзени со КОВИД-19 во САД достигна 370.000, што е еднакво на бројот на заболени во трите следни најзаразени земји во светот – Шпанија, Италија и Германија. Вирусот по бројот на жртви е попогубен од шест војни.

Бројот на загинати надмина 10.000, што според официјалните бројки на владата – оддел за ветерани, повеќе жртви отколку во директна борба во шест од 13-те војни водени во историјата на земјата.

„Коронавирусот е пофатален за населението од битките во шесте војни заедно – во Американската револуција за независност (1775 до 1783), Војната (1812-1815), Мексиканската војна од 1846 – 1848 година, со Семиноле Индијанците (1817 – 1896), Шпанско-американската ( 1898 – 1902) и Пустинската бура (1990-1991)“, велат податоците од тој оддел за ветерани.

Соединетите држави го пренесоа тој црн рекорд од нулта пациентот на досегашните 10.923 жртви на вирусот КОВИД-19, од 21 јануари, кога првиот заболен, што пристигна од Вухан, беше регистриран во Вашингтон.

Можеби овие бројки се доволно причина зошто денес, и покрај слабата светлина на крајот на тунелот виден претходните два дена, пристигна предупредувачка порака на Белата куќа.

„Ова е моментот да не се оди во самопослуга и да се оди во аптека, туку да сторите сé што може за да ги заштитите семејството и пријателите или потоа следат денови што може да бидат најтешки во животот на многу Американци“, се вели во неа.

Периодот што претстои се споредува и со Перл Харбор, и терористичкиот напад во Њујорк, кој нема да биде централизиран, туку ќе се случи низ целата земја.

Најлоша е состојбата во државата Њујорк, каде скоро третина од заразените, а и самиот Њујорк, поради што болничките кревети се преполни и надлежните апелираат единствената болница, бродот Комфорт, закотвен крај бреговите на Менхетен, да се претвори во место за нега иако се планира да биде единствената болница за лекување на оние чии болести не се поврзани со епидемијата.

Слични содржини