Во САД шимпанзата повеќе нема да се користат за тестирање

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Шимпанзата веќе нема да се користат во САД за истражување и преостанатите 50 примати под федерално туторство ќе бидат испратени на место каде што спокојно и задоволно ќе го доживеат остатокот од својот живот.4515604

Тоа го соопштија здравствените власти на САД. Одлуката е донесена од Националните здравствени институти, две и пол години откако беше објавено дека здравствениот завод веќе нема да ги врши повеќето биомедицински обиди со шимпанзата, кои се најблиски  роднини на човекот во животинскиот свет со 98% сличност на гените.