Во САД во ноември се вработиле 227.000 лица

од Milan1
13 прегледи

Работодавците во САД во ноември вработиле 227.000 луѓе, бројката покажува дека пазарот на труд е во подем по слабиот раст претходниот месец, кога ураганите и штрајковите ја зголемија невработеноста.

Иако вработувањата се во подем, пазарот на трудот генерално слабее во последните месеци а под притисок на рестриктивната монетарна политика на Федералните резерви. Централната банка на САД ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво во последните 23 години во обид да ја намали инфлацијата. Исто така, стотици илјади невработени Американци подолго време бараат работа, што укажува на пукнатини на пазарот на трудот, кој некогаш беше силен, додека работодавачите продолжуваат да се справуваат со влијанието на повисоките трошоци за зајмување.

Крајот на штрајковите во октомври, вклучително и штрајкот на техничарите на „Боинг“, можеби ја зголемило бројката на нововработени за речиси 40,000, забележаа аналитичари од „Голдман Сакс“, пренесе „Си-Би-Ес њуз“.

Слични содржини