Вчера во Сараево требаше да започне вакцинацијата со втората доза на вакцината против коронавирус.
Интересот кај граѓаните беше голем, многумина дојдоа на закажаниот термин за нив кога ја примија првата доза на вакцината. Но, кога пристигнале за втората, ги дочекало одбивање, пренесе „Индекс.хр“.
Тие не биле вакцинирани со втора доза бидејќи втори дози нема.
Проблем создава и неподносливата топлина, која достигнува над 35 Целзиусови степени, а повеќето луѓе кои доаѓаат да ја примат втората доза на вакцината се постари лица.