Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска заедно со заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, учествуваше во пуштањето во употреба на патот.1 во општина Сарај.
Бектеши им честита на градоначалникот и на општинската администрација за посветеноста и прекрасната работа што ја направија овие месеци за реализација на овој проект, упатувајќи порака до другите општини да започнат со реализација и да не прават пречки при реализацијата на проекти кои произлегуваат од програмата ТАВ.
Оваа инвестиција има вредност до 23 милиони денари, од кои 10 милиони денари се од буџетот на општина Сарај и 13 милиони денари од програмата ТАВ.
Министерот Бектеши ја пофали работата на општина Сарај, истакнувајќи дека таа е меѓу првите општини која ги завршува проектите кои започнале за рекордно време.
„Ова докажува дека општина Сарај е една од првите општини која за рекордно време ги завршува проектите штотуку започнати, со единствена цел развој на туризмот во општина Сарај, имајќи предвид дека еден од најголемите паркови на град Скопје е токму овде во општина Сарај, но ја дава и вистинската порака дека со длабока и искрена соработка меѓу општините и централната власт можеме во рекордно време да направиме проекти во интерес на граѓаните со единствена цел да се реализираат и инфраструктурните проекти, но во исто време да се зголемат и капиталните инвестиции кои влијаат и на економскиот развој на државата“, изјави Бектеши.
Заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи рече дека овој проект е од особено значење за жителите на Сарај и дека исто така Министерството за транспорт ќе продолжи со проекти во корист на граѓаните за подобар живот и модернизирана инфраструктура.
„Мислам дека овој пат ги има сите стандарди за да имаме добра инфраструктура за развој на паркот и за користење на сите граѓани кои го користат овој пат“ – изјави градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.