Во селото Могила пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна

од Stefanija Kuzmanovska

Во битолското село Могила вчера била пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна.

„Вчера во 13:37 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Могила при ископ била пронајдена неексплодирана граната“, соопшти денеска министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека гранатата од Првата светска војна со калибар 155 мм е безбедно подигната од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Слични содржини