Украинските власти надлежни за прашања поврзани со воените заробеници информираа дека од Русија се примени телата на 909 загинати украински војници. Според информациите, војниците настрадале во источните украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје, Суми и Харков.
Дел од телата биле предадени и од мртовечниците во Русија, а некои од нив потекнуваат од пограничниот регион Курск, од каде украинските сили неодамна беа истиснати. Од руската страна, според руски медиуми, при размената биле примени телата на 41 војник.
Примопредавањето, најавено на Велики петок, било извршено со посредство на Меѓународниот Црвен крст, информираа украинските власти.