Кинеските фанови на серијата книги и филмови за Хари Потер се упатиле кон Шангај, каде беше отворена голема изложба на оригиналните реквизити од кино сагата за авантурите на тинејџерот волшебник.
Посетителите можат да видат повеќе од илјада различни предмети, изложени на површина од 1400 км2. Тука се и волшебните стапчиња, и летечки метли, и книгите со магии, и бројните костуми на филмските херои. Организаторите донесоа дури и локомотива, која ги превезува вагоните со ученици од Лондон во училиштето за магии и волшебништво Хогвортс. 