Во Шпанија разбиена банда која водела нелегални фабрики за цигари во кои работеле украински бегалци

од Stefanija Kuzmanovska
157 прегледи

Полицијата во Шпанија со помош на Европол разби банда која водела три нелегални фабрики за цигари, во кои украински бегалци работеле во лоши услови, објави денеска Би-Би-Си.

Според извештаите, откриени се фабрики во три региони на Шпанија, а 27 лица се уапсени.

Групата наводно шверцувала големи количини тутун, а фабриките можеле да произведуваат повеќе од половина милион кутии цигари дневно, кои се продавале низ Шпанија и во странство.

Слични содржини