Во Шпанија 102 жртви на високите температури за само 5 дена

Завчера во јужна Шпанија беа измерени температури од 46 степени, највисоките регистрирани досега.

од desk2
12 прегледи

Од 28 јуни до денеска во Шпанија се регистрирани 102 смртни случаи поврзани со екстремно високите температури, соопшти шпанската Служба за секојдневно следење на смртноста од сите причини.

Завчера во јужна Шпанија беа измерени температури од 46 степени, највисоките регистрирани досега.

Во јуни пак, кој во Шпанија беше најжешкиот месец од почетокот на метеоролошките мерења досега, се регистрирани 380 смртни случаи.

За споредба, вкупниот број смртни случаи во Шпанија во првата половина на годинава изнесува 2.168, а во 2024 година се регистрирани 3.521 смртни случаи. Според последните проценки на шпанскиот Институт за статистика, на 1 април годинава, Шпанија имала 49,153 милиони жители.

Слични содржини