Едногодишно девојче загина во Шпанија откако било погодено од град недалеку од каталонскиот град Ла Бизбал де л’Емпорда, пишува Дејли Мејл.
Таа итно била пренесена во болница, но починала неколку часа подоцна од тешка повреда на главата.
Најмалку 30 лица се повредени во невремето и повеќето од нив побарале лекарска помош. Пријавени се исекотини кај дел од нив, а во еден случај лице завршило и со скршен нос.
Голем број автомобили и згради беа оштетени од град со големина на тениско топче. Градот уништи соларни панели и покривни конструкции.
Метеоролозите од Каталонија соопштија дека овој град со дијаметар од околу 10 сантиметри е најголемиот во последните 20 години.
Невремето започна доцна синоќа и траеше околу 15 минути.