Во Шпанија, повеќе од 70.000 починаа како резултат на Ковид-19

од Nikola Popovski
224 прегледи

Шпанија денес го премина прагот на 70.000 смртни случаи од коронавирус, објави Министерството за здравство.

Во Шпанија, 446 лица починале во последните 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата на коронавирус се искачил на 70.247.

Во земјата се заразени три милиони и 136.320 луѓе, но експертите сметаат дека тој број е помал од реалната состојба.

Студија во декември покажа дека десет проценти од населението во Шпанија било заразено со коронавирус, што е 4,7 милиони луѓе.

Слични содржини