Во Шуто Оризари собрани 135 кубни метри кабаст отпад

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Од почетокот на акцијата за чистење на општината Шуто Оризари, во специјалните садови што ЈП Комунална хигиена ги постави на шест локации во оваа скопска општина беа одложени приближно 135 кубни метри кабаст отпад коишто се подигнати и транспортирани од страна на екипите на претпријатието.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно рачно и машински ги метеа и миеја улиците Шуто Оризари и Нов живот, сите автобуски постојки, а направија и дезинфекција на контејнерите на јавните површини, велат оттаму.

Во рамките на пролетната акција за генерално чистење на општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена започнале и со расчистување и на обемна дива депонија лоцирана на булеварот Македонско – косовска бригада.

Слични содржини