Во Скопје за четири часа 81 пешак направиле прекршоци

од Nikola Popovski
317 прегледи

Денеска (10.02.2022) во периодот од 10.00 до 14.00 часот, МВР спроведе засилена акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 81 пешак.

-При тоа 48 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 33 за минување на црвено светло… За време на контролата регистрирани се и 22 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, соопштија од полицијата.

Слични содржини