Во Словенија во седум часот утринава се отворени избирачките места на кои околу 1,7 милиони гласачи со право на глас ќе го изберат новиот претседател на државата.
Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот.
Словенците на денешниот прв круг од претседателските избори ќе одлучат кој од седумте кандидати го посакуваат за следниот петгодишен мандат на претседателот на Републиката, јавува Танјуг.
Словенечките гласачи меѓу седумте кандидати ќе го изберат наследникот на актуелниот претседател Борут Пахор, чиј втор мандат истекува во декември и според Уставот, тој повеќе нема право да се кандидира за функцијата.