Во Софија голема истрага за незаконско издавање бугарски државјанства

од Milan1
474 прегледи

Градското обвинителство во Софија вчера почнало истрага за организирана криминална група што се занимавала со незаконско издавање бугарски државјанства во периодот од почетокот на 2021 до јуни годинава, јавуваат бугарските медиуми. Во истрагата што ја води Главната дирекција „Борба со организиран криминал“ (ГДБОП) на бугарското МВР е вклучена и Државната агенција за национална сигурност (ДАНС).

Од досега утврденото, постоела организирана шема за противзаконско доделување бугарско државјанство на странци со лажни документи за бугарско потекло.

Истрагата е почната по проверки направени од ДАНС по дојава од 4 март годинава од министерот за правда на Бугарија, Георги Георгиев. Тој побарал ДАНС да го провери работењето на Дирекцијата „Бугарско државјанство“ во Министерството за правда. Во предистражната постапка, министерството ги доставиле сите побарани информации на ДАНС.

Во оваа акција се прибираат докази за кривични дела и се вршат распити.
Според некои искази на поранешни и сегашни бугарски високи функционери, се смета дека над 120.000 македонски државјани добиле бугарско државјанство и бугарски пасоши. Повеќе детали се очекуваат утре.