Во сообраќајка во тетовско Слатино загина 19 годишник

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Во сообраќајна несреќа во тетовско Слатино животот го загуби 19 годишнно момче од Теарце. Несреќата се случила околу 17 часот.

– На локален пат во тетовско Слатино се случила сообраќајна несреќа во која учествувал мотоцикл што го управувал 19 годишник од тетовско Теарце и трактор со приколка без регистерски ознаки што го управувал 60 годишен жител на тетовско Слатино. Во несреќата мотоциклистот добил тешки телесни повреди, констатирани во тетовската клиничка болница по што итно бил префрлен на скопските клиники каде набргу починал, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

Слични содржини