Во сообраќајна несреќа загина поранешниот пратеник и директор на „Идризово“, Живко Пејковски

од Milan1
208 прегледи

На 61-годишна возраст, денеска во сообраќајна незгода загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Пејковски беше пратеник во еден мандат, а потоа ја извршуваше функцијата директор на затворот „Идризово“.

Веста за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи, каде блиските и пријателите се опростуваат од него.

Како што соопшти ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Демир Хисар, телото ќе биде изложено во капелата во Демир Хисар утре во 11:00 часот, а погребот на Пејковски ќе се одржи во 13:00 часот на градските гробишта.

Слични содржини