306
Премиерката на Србија Ана Брнабиќ гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ во која откри дека има и други политичари кои како неа се дел од ЛГБТ заедницата.
„Нема да откријам за кого се работи, но ги има. Не е мое да кажам кој е, но има такви“, рече на почетокот Брнабиќ.
„Мојот син еднаш ми рече: „Како ја замени трубата со сирена?“ Останав без зборови. Ги знае сите тие инструменти, сака класична музика и има само три години. Секогаш ги гледаме неговите омилени цртани во нашата куќа се игра секој ден“, изјави Брнабиќ.
Таа во емисијата покажа и фотографии со нејзиниот брат и мајка.
„Со брат ми навистина имам одлични односи, разликата меѓу нас е само 15 месеци, секогаш сме биле блиски“, изјави премиерот на Србија.